Тотенхем му покажа на Њукасл колку е далеку од екипите во горниот дел од табелата

Њукасл имаше серија добри резултат, па тимот кој во еден дел од сезоната беше на дното на табелата, сега е во сигурната зона. Сепак, Њукасл дека е далеку од екипите кои се борат за излез во Европа, се виде на денешниот меч против Тотенхем.

Њукасл одигра квалитетно прво полувреме, па дури и водеше со 1:0, а на полувреме беше 1:1. Сепак, во второто полувреме Тотенхем го понижа противникот. Со три гола во првите 18 минути од второто полувреме, Тотенхем стигна до предност од 4:1, а во финишот на средбата, домаќините постигнаа и уште еден гол за конечни 5:1.

Тотенхем со оваа победа се искачи на четвртото место на табелата во Премиер лигата со 54 бодови, колку што има и петиот Арсенал, но Топчиите имаат и два меча помалку. Њукасл остана со 31 бодови од 30 натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести