Тотенхем пак ја наполни мрежата на Волфсбергер

Тотенхем повторно му даде четири гола на австриски Волфсбергер. Во реваншот вечерва во Лондон победи со 4:0 и со вкупен резултат од 8:1 стана првиот осминафиналист во Лигата на Европа.

Карлос Винисиус постигна два гола за домаќините, кои лесно ја минаа оваа пречка, иако во реваншот играа без двете главни ѕвезди Кејн и Сон.

Тотенхем сезонава играше против два тима од Австрија, ЛАСК и Волсфбергер, и на четири натпревари им даде вкупно 14 гола. На двомечот со Волфсбергер блескаше Винисиус со вкпуно три погодоци, а вечерва по еден гол дадоа и Али и Бејл.

Мечот го одбележа и тинејџерот Дејн Скарлет, кој му асистираше на Винисуис за вториот гол вечерва во 83-тата минута и стана најмладиот фудбалер во историјата на Лигата на Европа што имал асистенција.

Скарлет има само 16 години, а во игра влезе во 82-рата минута и само 60 секунди подоцна се запиша во историјата на ова натпреварување.

 

- Оглас -

Најнови вести