Тотенхем се пофали со бразилската аквизиција

Ришарлисон и официјално е нов фудбалер на Тотенхем, потврди клубот од Лондон. Бразилскиот офанзивец потпиша петгодишен договор со Петлите кој ќе важи до 2027 година.

Евертон од продажбата на својот најдобар играч инкасира 50 милиони фунти, односно заработи околу 17 милиони евра со оглед на тоа дека пред четири години го купи за 33 милиони фунти.

Ришарлисон одигра повеќе од 150 натпревари за Карамелите во кои забележа учинок од 53 гола и 14 асистенции. Од денес формира ново напаѓачко трио со Кејн и Сон.

- Оглас -

Најнови вести