Тотенхем си најде замена за Кејн – Талентираниот Бергвајн пристигна за 30 милиони евра

Стивен Бергвајн ќе биде замената за повредениот Хари Кејн во Тотенхем, а договорот е веќе реализиран и ќе го чини клубот од Лондон 30 милиони евра, што ќе ги уплати на сметката на ПСВ Ајндховен.

Бергвајн е еден од најталентираните млади играчи во Европа, постојано потенциран како еден од Топ 50 најдобри млади фудбалери на континентот и би требало да биде сериозно засилување за Тотенхем.

Иако има 22 години, веќе играше во Лигата на шампионите со ПСВ Ајднховен, клубот со којшто има договор до 2023 година и му беше многу лојален.

Лани Севилја сакаша да го купи, но Бергвајн му остана верен на клубот во којшто игра од својата 13-та година. Работите се сменија и на ПСВ Ајндховен му требаат пари за да ги покрие дупките во буџетот бидејќи сезонава според нивните пресметки може да се очекува да останат без настап во Лигата на шампионите.

ПСВ моментно е на петтата позиција во холандското првенство со 8 бода заостанување зад АЗ Алкмар, екипа која е на второто место и со 11 зад големиот ривал Ајакс. Само две екипи од Холандија ќе играат во ЛШ следната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести