Тотенхем со понуда за Бејл што ќе го израдува Реал, но не и играчот

Реал Мадрид мака мачи за тоа како да се ослободи од Герет Бејл, а сепак добро да заработи. Според шпанскиот весник „Марка“, на адресата на Реал пристигнала примамлива понуда. Тотенхем сака да го купи Велшанецот и тоа за сума која би била прифатлива за Кралскиот клуб.

Англискиот клуб е подгтовен да даде 60 милиони евра за играчот кој во 2013 година го продаде во Реал за тогаш рекорден трансфер од 101 милион евра. Бејл беше дел од Тотенхем во периодот од 2007 до 2013 година, каде што и го покажа целиот свој талент. Во овој период, Бејл два пати беше прогласуван за најдобар играч во Премиер лигата, па Реал тогаш не жалеше пари да го купи.

Сега е можно да се случи „враќање“ на Бејл во старото јато. Реал сигурно би ја прифатил понудата од 60 милиони евра за играчот кој денеска полни 30 години. Сепак, постои една работа која сигурно нема да му се допадне на Бејл. Во Тотенхем никако не може на Бејл да му ја понудат платата која ја добива во Реал. Велшанецот годишно заработува 17 милиони евра, што секако е премногу посебно ако се знае дека тој често е повреден и е надвор од теренот.

Колку за споредба, првата ѕвезда на Тотенхем, напаѓачот Хари Кејн, потпиша нов договор со клубот според кој годишно ќе добива 11 милиони евра по сезона. Бејл има уште три години од договорот со Реал, според кој ќе има загарантирани 51 милион евра, но и речиси никакви шанси да игра. Доколку прифати да се врати во Тотенхем, играчот ќе загуби 25 милиони евра од платата, но повторно ќе биде дел од тимот во кој се прослави.

 

- Оглас -

Најнови вести