Тотенхем со реми ја започна ерата без Хари Кејн

Фудбалерите на Тотенхем одиграа 2:2 против Брентфорд како гости во првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата.

Со дуелот против Брентфорд, Тотенхем воедно ја започна и ерата без најдобриот стрелец во клупската историја, Хари Кејн, кој потпиша за Баерн Минхен.

Тотенхем одлично го започна натпреварот против градскиот ривал и во 11-та минута поведе со голот на Кристијан Ромеро. Домаќинот за десет минути успеа да направи пресврт, прво во 26-та минута Мбеумо го израмни резултатот, а во 36-та Виса погоди за 2:1.

Сепак, до крајот на првото полувреме, Тотенхем дојде до израмнување благодарение на голот на Емерсон Ројал во последните моменти.
Во второто полувреме, иако Тотенхем доминираше, резултатот остана непроменет.

- Оглас -

Најнови вести