Тотенхем урна клупски рекорд за Ндомбеле

Тотенхем се засили со играчот за врска на Лион, Тангај Ндомбеле. За неговите услуги се исплатени 65 милиони фунти, што е клупски рекорд, а Французинот потпиша петгодишен договор со опција да биде продолжен на уште една година. Ова е второ засилување на Петлите ова лето, по трансферот на младиот Џек Кларк од редовите на Лидс јунајтед.

Ндомбеле по одличната сезона во дресот на Лион, се наметна во репрезентацијата на светскиот првак, а воедно беше желба на неколку европски гиганти. Сепак, Тотенхем беше најзагреан за неговиот потпис и успеа да го осигури.

Инаку, трансферот на Ндомбеле ќе го надмине оној на Давинсон Санчес, за кого Тотенхем му исплати 42 милиони фунти на Ајакс во летото 2017 година. Деновиве во таборот на Тотенхем се очекува уште еден ангажман, како што известуваат англиските медиуми, Дани Себалјос од Реал Мадрид идната сезона ќе ја мине во Лондон како позајмен играч.

- Оглас -

Најнови вести