Трабзонспор без Барди е смешна екипа, после вечерашниот дебакл, на тренерот не му бега отказ (Видео)

Аланијаспор го прегази Трабзонспор со 5-0 во меч од турската лига, после кој тешко ќе му биде на тренерот Абдула Авџи да си ја задржи позицијата во актуелниот турски првак. После оваа катастрофа, Трабзон е на дури 10 бода негатива зад лидерот Галатасарај, и речиси е отпишан од трка за титулата.

Се потврди дека Трабзонспор не е иста екипа со и без Енис Барди. Без македонскиот репрезентативец, Трабзон пред две кола загуби од Караѓумрук со 1-4. Потоа следуваше дуел со Гиресунспор кој го добија со 3-0, а Барди беше стартер и играше до 60-та минута.

Вечерва, Барди влезе во последните десет минути, кога семафорот веќе покажуваше неверојатни 5-0 за Аланијаспор, нешто што не му приличи на шампионски тим.

Ваљон Етеми со гол од пенал во 13-тата минута од судиското продолжение, му донесе реми 1-1 и бод на Истанбулспор против Газијантеп чиј член е Лука Станковски.

Ова е петтиот гол на Аланија против Трабзон со кој беше комплетирана „петардата“:

- Оглас -

Најнови вести