Трабзонспор во Белград против Ѕвезда даде гол од слободен удар, а стрелец не е Барди (Видео)

Црвена ѕвезда и Трабзонспор играат 1-1 по првото полувреме на нивниот дуел од Лигата на Европа во Белград.

Двата гола беа со шутеви од далечина. Најпрвин домашните поведоа со гол на Катаи, а две минути подоцна изедначи Гркот Бакасетас, кој имаше и среќа што кога изведе слободен удар, топката удри играч во живиот ѕид и го измами голманот на Црвено-белите, Борјан, па топката заврши во мрежа.

Ако мечот заврши 1-1, Ѕвезда ќе биде елиминирана, а Трабзон ќе остане со шанси да оди понатаму во ЛЕ, додека преселбата во Конференциската лига ќе му биде обезбедена ако не успее да биде пред Монако или Ференцварош.

- Оглас -

Најнови вести