1801 Б. Менхенгладбах – Б. Леверкузен (20.30 часот)
Првакот Баер Леверкузен има чест да ја отвори новата сезона во Бундеслигата, а одбраната на титулата ја почнува со непријатно гостување во Менхенгладбах. Борусија ги доби сите контролни мечеви во подготвителниот период, а славеше и против Ауе во купот. Леверкузен победи на пенали во Суперкупот, па и тие се во добро расположение. Баер е голем фаворит за победа, а во минатата сезона победи во Менхенгладбах со 3-0. Фармацевтите не загубиле во Менхенгладбах уште од 2018 година.
Предлог тип: 2 & 2+ второ (2.45)
1701 ПСЖ – Монпелје (20.45 часот)
Парижаните во првото коло победија со 4-1, но дури во финишот го скршија отпорот на Ле Авр, додека Монпелје одигра 1-1 со Стразбур. Тука не би требало домашните да имаат проблем да победат. Гонсало Рамос се повреди во првото коло и нема да игра вечерва, но Светците имаат доволно квалитет да победат кој било противник во Франција. Минатата сезона ПСЖ на двата меча против Монпелје постигна вкупно дури 9 гола. Последната лигашка победа на Монпелје на „Паркот на принцовите“ беше во 2010 година.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.22)
1011 Шефилд в. – Лидс (21.00 часот)
Ова е дуел на две непредвидливи екипи. Шефилд вензди во првите две кола од Чемпионшип покажа две лица, дома победи со 4-0, па на гости загуби со 0-4. Лидс во двете кола играше нерешено, по еднаш ефикасно 3-3 и еднаш без голови 0-0. Последните шест меѓусебни дуели на овие два тима завршиле со 0-2 гола. Шефилд ретко губи на свој терен, но последниот пораз пред нивните навивачи го имаа токму од Лидс во март годинава.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.93)
1536 Фаренсе – Спортинг Л. (21.15 часот)
Би било сензација ако гостите од Лисабон не победат вечерва. Спортинг во првите две кола победуваше и постигна вкупно девет гола, но и примаше по еден гол на двете средби. Фаренсе претрпе два минимални порази, а на двата меча даде само еден гол. Интересно е дека двата меѓусебни дуела во минатата сезона им завршуваа со победи на Спортинг од 3-2. Спортинг последен пат загуби од Фаренсе пред 23 години.
Предлог тип: 2 & 3-5 (1.79)
1302 Севилја – Вилјареал (21.30 часот)
Ако се суди според нивните мечеви во првото коло и традицијата на меѓусебните дуели, треба да биде ефикасно. И Андалузијците и Жолтата подморница ремизираа 2-2 на стартот на сезоната. Последните пет меѓусебни средби им завршуваа со „гол-гол“ (двата тима секогаш даваа барем по еден гол). Вилјареал пет години не знае за победа на гости во Севилја.
Предлог тип: 1Х & ГГ (2.23)