Традицијата на наша страна, Македонија скоро осум години не знае за пораз од Црна Гора

Една од причините за оптимизмот во редовите на македонската ракометна репрезентација пред дуелот со Црна Гора, е позитивната традиција која ја имаме против вечерашниот ривал.

Во ноември 2013 година е последниот пораз на Македонија од Црна Гора, и тоа минимално, на пријателски меч.

Пред четири години на ЕП во Загреб, Македонија славеше со 29-28. Тоа е последен официјален меѓусебен дуел на овие селекции. Сето ова најавува дека ќе биде интересен и веројатно неизвесен меч во кој двата тима ќе дадат максимум, а предност на нашите ќе биде и публиката, која уште од раните попладневни часови ќе почне да се загрева за давање ветар во грб на избраниците на Кирил Лазаров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести