Традицијата продолжи, ново полуфинале на ракометно ЕП за Шпанија

Актуелниот европски шампион во ракомет за мажи, репрезентацијата на Шпанија, со победата над Полска од 28-27 попладнево во Братислава се пласира во своето шесто полуфинале по ред на европските првенства.

На Шпанците им требаше победа или нерешен резултат за гарантирано полуфинале и ја остварија целта, иако Полјаците дадоа силен отпор.

Вечерва Норвешка и Шведска меѓу себе ќе решаваат кој ќе биде прв во групата. Шпанците навиваат за победа на Шведска бидејќи така или со нерешено Црвената фурија би била прва. Триумф на Норвешка ќе значи дека Норвежаните би биле први, а Шпанија втора.

- Оглас -

Најнови вести