Традицијата вели дека на последните девет нивни меча имало од 2-3 погодоци

1701 Олимпик Марсеј – Монпелје (21 ч.)

Тимот од Марсеј секогаш атакува на победа на свој терен, но не треба да се заборави дека Монпелје е во одлична форма со четири победи и едно реми во последните пет кола. Двете екипи играат офанзивно и постигнуваат многу голови, а и традицијата на меѓусебните средби најавува ефикасност.

На шест од последните седум меѓусебни средби се треселе мрежите на двата тима, а во овој период Марсеј има пет победи и двапати било нерешено.

Предлог тип: ГГ (1.85)

 

1801 Ајнтрахт Франкфурт – Бохум (20:30 ч.)

Четири кола по ред Ајнтрахт нема победа во првенството и сега е во опасност да испадне од зоната за пласман во Европа. Бохум е ривал по мерка да се заврши оваа лоша низа. Гостите се во долниот дел од табелата, а Бохум на гостински терен сезонава има дури 11 порази во 13 средби.

Интересно е дека на последните девет меѓусебни дуели меѓу овие два клуба на крајот имало од 2-3 гола.

Предлог тип: 1&2-3 (3.25)

 

1301 Мајорка – Осасуна (21 ч.)

Интересно е дека овие две екипи по 26 одиграни кола, имаат иста гол-ралзика. Двете имаат постигнато само по 22 гола, а примиле 27, што само покажува дека играат неатрактивно и главна цел им е да не примат гол.

Иако се во средина од табелата, двете екипи не се далеку од опасната зона. Фактот дека играат дефанзивно најавува дека ова треба да е меч со малку погодоци.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.71)

 

1655 Варегем – Антверпен (20:45 ч.)

Домаќините се во зоната за испаѓање и тешко дека ќе може да се спасат од испаѓање. Од друга страна, Антверпен е трет на табелата, игра одлично и многу офанзивно. Варегем нема победа на последните 11 средби, па реално и сега тешко е да се очекува да се радува. Антверпен игра офанзивно, дава многу, но и прима погодоци, па може да биде офанзивно.

Предлог тип: Х2&3+ (2.21)

 

1811 Нирнберг – Дармштад (18:30 ч.)

Дармштад е лидер во Цвајте во Германија и сигурно ќе сака да ја задржи позицијата која носи пласман во Бундеслигата за следната сезона. Дармштад има само три порази во 25 кола, додека за Нирнберг главна цел е да не испадне.

На последните шест меча, Дармштад има четири победи, а Нирнберг славел двапати, а резултатите покажуваат дека голови не фалат.

Предлог тип: 1+I&3+ (2.30)

- Оглас -

Најнови вести