Традицијата најавува гол-шоу во Тетово, коефициентите во Sport Life се одлични

Ренова и Шкупи ќе го играат премиерниот меч од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига, денеска во Тетово од 13 часот, а по традиција дуелите на овие две екипи се супер-ефикасни.

Последниот дуел во Скопје го добија „чаирчани“ со 4:3, а вкупно на последните пет меѓусебни дуели имаше вкупно 24 гола, или речиси пет во просек по натпревар.

Ако очекувате да продолжи традицијата коефициентите во Sport Life се одлилни и за 4+ денеска понудата е со коефициент од 3.95, а ако се исполни просекот од последните пет меча, за петка со голови квотата е 8.50.

Шкупи е фаворит има 32 бода повеќе од двојно од Ренова со 15, но тетовци имаат само еден пораз од денешниот ривал на последните 8 дуели.

Бодовите се важни и за двете екипи, Шкупи сака да ја задржи втората позиција и со триумф против незгодниуот ривал да му се доближи на лидерот Шкендија на само еден бод.

Ренова е во опасната зона, на деветтото место што води во бараж за опстанок, па и на клубот од Џепчиште не му одговара поинаков исход освен победа.

Утре се играат преостанатите пет дуели од 17. коло со почеток од 13 часот.

Двојки:

Денеска, 13. часот: Ренова – Шкупи

Утре, 13. часот: Вардар – Македонија Ѓ.П, Академија Пандев – Шкендија, Борец – Силекс, Струга – Работнички, Пелистер – Бласица.

Табела: Шкендија 36, Шкупи и Македонија Ѓ.П. по 32, Силекс, Струга и Борец по 22, Работнички и Вардар по 21, Ренова 15, Академија Пандев 14, Пелистер 12, Беласица 9.

 

 

- Оглас -

Најнови вести