Трагедија на релито Дакар 2020 – Почина поранешниoт вицешампион
Пауло Гонсалвес почина утринава на познатата трка во која во 2015 година беше второпласиран во Генералниот пласман кај мотоциклистите

Португалецот Пауло Гонсалвес го загуби животот утринава во трка на Релито Дакар 2020 година, а иако веднаш реагираа медицинските лица, за жал не успеаја да му помогнат.
Нешто по 10 часот биле алармирани организаторите на трката дека нешто му се случило на 40-годишниот португалски мотоциклист, па веднаш бил испратен хеликоптер, но помош за Гонсалвес немало.
За него кобен беше 13. настап на најпознатото светско рели, а досега четирипати беше пласиран меѓу најдобрите 10 мотоциклисти во Генералниот пласман, а во 2015 година го постигна најголемиот успех со вицешампионската титула, зад победникот Марк Кома.