Трагедија: Телото на Исмаили најдено на дното од езерото Комо

Капитенката на женскиот тим на Јанг бојс и членка на швајцарската фудбалска селекција Флоријана Исмаили е пронајдена на дното од езерото Комо во Италија. Потрагата по дваесет и четиригодишната фудбалерка траеше три дена, а тажната информација пред неколку часа ја потврди шефот на акцијата за спасување.

Исмаили заедно со својата девојка изнајмиле чамец и заминале на езерото Комо во Италија, кое е во близина на швајцарската граница.

Двете девојки заминале на 700 метри од брегот и повеќе од еден час уживале, кога во еден момент Флоријана решила да скокне во водата и да се излади. На тој дел езерото е длабоко 100 метри. Девојката на Исмаили чекала таа да се појави на површината, но било залудно.

Спасувачите дури употребуваа и специјални уреди во потрагата, а по три дена го пронајдоа безживотното тело на Исмаили.

Исмаили во својата кариера запиша 33 настапи за женската селекција на Швајцарија, додека осум години беше членка на Јанг бојс, во изминативе неколку сезони и капитенка.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести