Трагедија во Аргентина: Навивач на Ривер загина по пад од трибина (Видео)

Мечот од аргентинското првенство меѓу Ривер плејт и Дефенсе јустиција не го дочека крајот поради трагедијата која се случи на трибините. Резултатот беше 0:0 кога во второто полувреме, еден навивач на домаќините падна од најгорниот дел од трибината на легендарниот стадион „Монументал“ и починал.

https://twitter.com/i/status/1665108884279775234

Најпрво мечот бил прекинат, а потоа продолжил, за да сепак кога се дознало дека навивачот починал, судијата Фернардо Рапалини во консултација со капитените на двата тима, решиле дека средбата треба да биде прекината.

„Ги прашав организаторите на мечот што се случило, а тие ми потврдија дека еден навивач паднал од трибината и починал. Потоа побараа од мене да го прекинам натпреварот и тоа го сторив“, објасни судијата Рапалини.

По осоопштувањето на одлуката дека средбата е прекината, сите навивачи мирно си заминале. Полицијата и обвинителството го превзема случајот и ќе истражува како се случила трагедијата.

Стадионот „Монументал“ ќе биде затворен најмалку 24 часа, за да се направи целосна истрага. Се очекува дуелот да се доигра утре.

- Оглас -

Најнови вести