Трагедија во Квангџу, во ноќен клуб загинати и повредени учесници на СП (Видео)

Двајца Јужнокорејци загинаа, а неколкумина, меѓу кои и спортисти учесници на Свеетското првенство во водени спортови, се повредени, откако во Квангџу, падна дел од ноќен клуб кој бил преполн (има 370 гости) во раните утрински часови.

Трагедијата се случила околу 2 часот, кога балкон паднал врз долното ниво и смачкала дел од гостите. Информациите се дека има девет повредени спортисти (четворица Американци, двајца од Нов Џеланд, и по еден од Холандија, Италија и Бразил), но не се во животна опасност. Од американскиот тим велат дека ја славеле победата и златниот медал на нивната женска ватерполо репрезентација, а тие што биле на горниот кат, имаше непријатно искуство, но и среќа.
„Танцувавме и во следната секунда пропаднавме пет до шест метри. Сите почнаа да бегаат од клубот. Ние, претпоставувам дека паднавме врза главите на други луѓе кои беа под нас”, рече капитенот на ватерполо репрезентацијата на Нов Зеланд, Мат Смол.
Приведен е еден од сопствениците на локалот и се испитува дали балконот кој падна, бил изграден без дозвола.
- Оглас -

Најнови вести