Трагедија во Парагвај: 15-годишен фудбалер загина во тепчка помеѓу две екипи на натпревар (Видео)

Голема трагедија го потресе Парагвај откако 15-годишниот фудбалер Исмаел Домингес загина во тепачка помеѓу играчите на двете екипи за време на натпреварот помеѓу Насионал и Бојерон.

Според зборовите на тренерот на несреќното момче, тој бил удрен од зад грб, по што изгубил свест и се срушил на земја, а потоа добил уште неколку удари кои биле фатални. Медицинските екипи веднаш реагирале, но не можеле да сторат премногу за да му помогнат. Веднаш бил пренесен во болница, но таму починал.

- Оглас -

Најнови вести