Трагедија во таборот на Армејците: Докторот ја загуби битката со Ковид-19

Роман Абжелинов, докторот на ЦСКА Москва, почина на 44 години откако пред две недели беше хоспитализиран поради позитивен тест на Ковид-19.

Трагедијата ги погоди Армејците и фактот што Абжелинов ја загуби животната битка со корона-вирусот може многу да влијае врз одлуката дали сезоната во Евролигата ќе се доигра.

Абжелинов пред две недели беше сместен во болница, но и по третманите и обидите на лекарите да го спасат тој немал сили за да го надмине вирусот.

- Оглас -

Најнови вести