Трагичен епилог – Почина Денис Тот, ракометарот на РК Бутел

Трагична вест што ја објави телевизија Телма како неофицијална е дека Денис Тот, хрватскиот ракометен интернационалец што настапуваше за РК Бутел, почина денеска.

Претходно беше објавено дека 27-годишниот ракометар бил донесен на Клиничкиот центар во Скопје во бесознание, а се претпоставува дека имал проблеми со срцето.

Првично беше објавено дека Тот бил претепан во дискотека и бил донесен со видливи рани на телото, но потоа од Клиничкиот центар во Скопје ја демантираа таа вест и објавија дека се работи за проблеми со срцето кај несреќниот ракометар на Бутел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести