Трајковски дебитираше за Мајорка, одигра половина час против Барди

Александар Трајковски заигра во дресот на неговиот нов клуб Мајорка, и тоа на пријателски меч против Леванте, во чии редови игра неговиот репрезентативен колега Енис Барди.

Барди го одигра целиот меч, а Трајковски кој се појави со дрес со бројот 17 и беше активен по левата страна, на терен влезе во 66-та минута. Мајорка по првото полувреме водеше со 1-0, но во вториот дел Леванте со голови на Леон и Мајорал го сврте резултатот и победи со 2-1.

 

- Оглас -

Најнови вести