Трајковски: Додека сите беа на одмор, ние бевме тука за репрезентацијата!

Најискусниот кошаркар во составот на македонската репрезентација во претквалификацискиот циклус за СП 2023, Бојан Трајковски, застана во одбрана на колегите кои летово работеа на пеколните температури за да овозможат настап во квалификациите.

„Многу работи треба да се подобрат за понатаму, но сега не е време да се говори за тоа. Треба да извлечеме една добра поука. Освоивме прво место во кое никој не веруваше пред стартот на подготовките за овој циклус. Завршуваме први, работевме на пеколни температури 40 дена. Додека сите беа на одмор, ние бевме тука за репрезентацијата. Сега следуваат квалификациите, многу работи зависат од противниците, а и не знаеме кој ќе игра тогаш, кој ќе биде спремен, кој повреден, кој не… Сите кои ќе добиеме повик, треба да се сплотиме и се надевам на добар резултат. За настапите на овие претквалификации, од најмладиот до најстариот – моја оценка е сите имаат една ‘десетка’!“, изјави Трајковски.

- Оглас -

Најнови вести