Трајковски ѝ донесе среќа на Мајорка

Александар Трајковски дебитираше за Мајорка во официјален натпревар од шпанската лига, и се покажа како таличен за тимот од островот во Средоземното море. Македонскиот напаѓач влезе во игра во 74-та минута, а една минута подоцна, Мајорка даде гол за водство од 2-1, што се покажа и како конечен резултат.

Главна ѕвезда на средбата беше Бразилецот Пауло Оливеира. Малерозниот дефанзивец даде гол за Еибар, негов дебитантски во шпанската лига, а 18 минути подоцна си даде автогол, негов трети во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести