Трајковски погоди два пати за четири минути и стана втор најдобар стрелец во репрезентацијата

Со два гола во првите осум минути од второто полувреме, Македонија стигна до водство од 3:0 против Лихтенштајн и е на прагот да ги освои првите три бода во квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 година. Александар Трајковски погоди во 51 минута, кога од само два метри не му беше тешко да ја затресе празната мрежа, по одличната акција на целокупната екипа.

За Трајковски ова беше 17-ти погодок во националниот дрес и сега е втор стрелец во историјата, останајќи го зад себе Ѓорѓи Христов. Само три минути по голот за 2:0, трајковски погоди уште еднаш, овојпат за 3:0 и може да се каже дека е решен победникот.

- Оглас -

Најнови вести