Трајковски се враќа во Серија А кај Пандев?

Локалниот медиум од Џенова „Secolo XIX“ објави дека е можен трансфер на Александар Трајковски во Џенова во летниот трансфер период.

Македонскиот репрезентативец сигурно ќе ја напушти Мајорка, каде нема минутажа и реална е варијантата да се врати во Италија и да биде заедно во Џенова со Горан Пандев.

Трајковски има долгогодишно искуство со настапи на Чизмата и мина четири сезони во Палермо, по две во Серија А и во Серија Б. Му беше соиграч на Илија Несторовски, а сега може да биде во тандем со капитенот на македонската репрезентација, ако Пандев одлучи да игра уште една сезона.

Популарниот Гоче има понуда да биде спортски директор на Џенова што би значело дека би соработувал со Трајковски, ако офанзивецот на македонската репрезентација се одлучи да се врати во Италија.

Тие двајца се најдобрите стрелци ви историјата на македонската репрезентација, Пандев како лидер со 37 гола, а Трајковски веднаш зад него со 18 погодоци, а се дел од златната генерација што ќе игра на првото големо натпреварување со Македонија, на Европското првенство од 11. јуни до 11. јули оваа година.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести