Трансферот на Ибрахимовиќ во Милан зависи од оваа жена

Доколку Златан Ибрахимовиќ се врати во Милан, најголемата заслуга ќе биде кај неговата 48-годишна сопруга Хелена Сегер. Таа не само што е негова сопруга и мајка на децата на Златан, таа на некој начин е и негов менаџер.

Поранешната манекенка е заљубена во Милано, се грижи за семејството и секогаш му дава совети на Златан околу изборот на клубови. Така и сега, дали после едногодишната авантура во САД, Ибра ќе се врати во Европа, ќе зависи и од жена му.

Но, не е Ибрахимовиќ единствена фудбалска ѕвезда врз која влијание има припадничка на понежниот пол. Андриј Шевченко беше наречен „кученце кое трча по жена му Кристен“, а во куќата на Зинедин Зидан, сопругата Вероник е „таа што носи панталони“. Франческо Тоти бил слепо послушен кон мајка му Фиорела, и фановите на Рома ѝ се многу благодарни. Своевремено, Барбара Берлускони спречи трансфер на нејзиното момче Пато во ПСЖ.

Викторија и Дејвид Бекам немаа идеален брак, но жената имаше големо влијание врз фудбалерот, исто како и Мелиса Сата која го натера Кевин Принс Боатенг од студената Германија да се преселат во сончевиот Лас Палмас. Ребека Варди сакаше мирен живот и затоа голгетерот на Лестер не се пресели во лондонски Арсенал. Кристијан Виери добил убава понуда од Лацио, но останал во Интер благодарение на Елизабета Каналис која не сакала преселба во Рим.

Во последните години, најеклатантен пример на мешање на жена врз фудбалер е кај Мауро Икарди. Неговата сопруга Ванда е и негов менаџер, па нејзината одлука е пресудна каде ќе игра Аргентинецот.

 

- Оглас -

Најнови вести