Трансродните луѓе добија забрана за учество на женски пливачки натпреварувања

Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) донесе ново правило, а тоа е да се воведе забрана трансродните луѓе да бидат дел од женските дисциплини. Според новото правило, трансродна личност нема да може да учествува на женски натпреварувања, доколку поминува низ било која фаза од машкиот пубертет.

Тоа значи дека трансродната личност може да плива на женски турнири само ако промената на полот се случила пред да наполни 13 години. Овој нов закон во ФИНА го изгласаа 71 отсто од вкупно 152 присутни делегати.

Од ФИНА најавуваат дека се подготвува и нова категорија, која ќе се вика „отворено“ и во неа ќе може да се натпреваруваат сите оние на кои полот им е поразличен од тој со кој биле родени.

- Оглас -

Најнови вести