Траоре ја исправи неправдата, Волците го победија Фулам со гол во последен миг (Видео)

Адама Траоре со победнички гол во 92. минута ја исправи неправдата од првото полувреме и му донесе победа на Вулверхемптон од 1:0 против Фулам на „Крејвен Котиџ“.

Гостите со нов триумф ја продолжија неверојатната серија без пораз од Фулам во Лондон што трае три децении.

Волците беа оштетени во првото полувреме, исто така во втората минута од судисокото продолжение, кога му беше понишетн гол на Вилјан Жозе, откако со ВАР системот беше утвредно дека Поденс  е во офсајд со лактот на раката.

Чудната одлука по англиски систем со отсечки и геометрија сепак не го оштети гостинот, а победата ја донесе Траоре со гол во втората минута од судиското продолжение во самио финиш на мечот.

https://twitter.com/CompleteSport24/status/1380626053081616385?s=20

Вулверхемптон со денешната победа си го обезбеди опстанокот во Премиерлигата, а Фулам остана во опасната зона на 18. место со 26 бода, три помалку од Њукасл.

 

- Оглас -

Најнови вести