Тотенхем доби корпа од Волците за вториот најбрз играч во Премиер лигата

Вулверхемптон ја одби понудата на Тотенхем за позајмица на Адама Траоре со право на откуп на договорот по една година. Еден од најбрзите играчи во Премиер лигата, според најавите, ќе остане во таборот на популарните Волци, и покрај желбата на Нуно Еспирито Санто шпанскиот репрезентативец повторно да биде под негова команда, но сега како фудбалер на Тотенхем.

Спарс понудија пет милиони фунти за да го ангажираат крилото на Вулфс на една година, а потоа и да имаат право да го откупат неговиот договор, што е важечки на уште две години.

Траоре е вториот најбрз фудбалер во Премиерлигата и во Топ-5 на светот, а побрз од него во спринт во англиското првенство е само Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести