Трапановски го засили Шкупи, чаирчани го губат најдобриот стрелец во лигата

Шкупи го ангажираше младинскиот репрезентативец Кристијан Трапановски од Академија Пандев, но веројатно ќе го загуби најдобриот стрелец во Првата лига, Дембо Дарбо.

Репрезентативецот на Гамбија има понуди од неколку европски земји, а има најава и за трансфер во германски клуб и неговото заминување ќе ја наполни касата на чаирчани, но ќе биде и хендикеп во продолжението од сезоната.

Дарбо е прв стрелец во ПМФЛ со 16 голови во 18. кола што е извонреден ефект, а со добрите игри заслужи и повик од својата земја Гамбија за квалификациите за Африканскиот куп на нации.

Шкупи најави дека ќе го ангажира и репрезентативецот на Руанда, Абдул Руатубаје, кој е одбранбен играч и има 25 настапи за националната селекција.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести