Треба да ги оставиме срцата и душите на теренот ако сакаме да се пласираме во полуфиналето

Предводникот на Барселона, Чави Ернандес, знае дека ќе има пеколно тешка задача ако сака неговиот тим да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите. Каталонскиот гигант победи со 3:2 на гости, а сега пред своите навивачи на „Монжуик“ треба да ја сочува оваа позитива.

„Ова е голема можност за нас. Играме дома, на „Монжуик“, и очекувам навивачите да направат атмосфера како кога играме на „Камп ноу“ на големи и важни натпревари. Сигурен сум дека навивачите ќе ни помогнат. Треба да покажеме карактер ако сакаме да се пласираме во полуфиналето. Знам дека ќе биде многу тежок меч. ПСЖ е храбар тим и секогаш игра офанзивно. Ние треба да ги оставиме срцата и душите на теренот ако сакаме да играме во полуфинале. Ако играме како тим, имаме шанси да одиме понатаму“, рече Чави правејќи ги последните подготовки пред еден од најважните мечеви сезонава за Барселона.

- Оглас -

Најнови вести