Треба ли да се плашат Реал и Барса? Се најавува дека газдата на ПСЖ може да купи клуб во Шпанија

Шпанскиот прволигаш Еспањол е ставен на продажба и пред почетокот на новата сезона треба да добие нов газда. Каталонскиот тим моментно е во сопственост на кинеската групација Растар, а Кинезите одлучија дека по седум години работење во клубот, подготвени се да ги слушнат понудите од заинтересираните страни.

Според шпанските медиуми, сегашните сопственици би биле задоволни ако добијат сума од 300 милиони евра. Реномираниот весник „Марка“ тврди дека пристигнала една понуда од неименуван конзорциум од САД, а во трка за купување на Еспањол може да се вклучи и газдата на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи.

Катарскиот милијардер од 2011 година е главен во ПСЖ и успеа Светците да ги направи доминантни во Франција и еден од најдобрите тимови во Европа. Доколку се случи Насер Ал-Келаифи да го купи Еспањол, тоа може да значи дека во скоро време Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид да добијат уште еден конкурент во трката за титулата во Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести