Требаше да биде новиот Пеле, а сега има необична работа за да преживее

Фреди Аду своевремено беше најголемиот фудбалски талент кој ветуваше многу, а некои го нарекуваа дури и новиот Пеле. Тој беше играчот кој го отсликуваше „американскиот сон“.

Роден е во Гана во 1989 година, а кога имал само осум години, се преселил во САД, откако негово семејство добило „зелена карта“ за да се пресели во Америка. Уште како дете бил талентиран за фудбал, а тоа го забележале од тимот на ДЦ јунајтед, па само со 14 години дебитираше во МЛС-првенството и до неодамна беше најмлад дебитант во оваа лига. Го надмина Алекс Кеи, кој заигра само со 13 години.

Во овој период, Абу беше симболот на фудбалот во САД, а до толку беше популарен, па успеа да сними и реклама со легендарниот Пеле. Во многу весници и неделници беше на насловните страници, гостуваше во ТВ-емисии и сите чекаа да го видат блесокот на овој тинејџер.

Во 2007 година, Бенфика ризикуваше и го доведе Аду во своите редови, но Аду разочара и не ги исполни очекувањата. Постигна само два гола во португалскиот гигант и потоа неговата профи кариера почна да оди во надолна линија.

Аду потоа играше за Монако, Белененсеш, Арис, Чајкур Ризеспор, Филаделфија Унион, Бахија, Јагодина, Купс и Лас Вегас лајтс. Во 2018 година, Аду реши и официјално да се прости од фудбалкиот терен.

Се обиде да заигра во шведскиот третолигаш Остерлен, но договорот веднаш му беше раскинат, откако тренерот на екипата оцени дека кондицијата на Аду е на „нула“.

Најголемиот светски талент кој никогаш не успеа веќе неколку години изработува персонализирани честитки за родендени и други свечености. Тие честитки со кратки или подолги пораки чинат од 5 евра па нагоре. Дефинитивно неочекувана работа за момчето кое требаше да биде светска фудбалска ѕвезда.

 

 

- Оглас -

Најнови вести