Требаше да биде ѕвезда на Реал, а сега глуми мафијаш во тв серија за банди

Некогашната голема фудбалска надеж на Холандија, Ројстон Дренте, играше за Реал Мадрид, но не успеа да направи кариера каква што му се предвидуваше од стручњаците, а периодов заплива во актерските води.

Дренте, кој во 2007 година откако беше МВП на ЕП за младинци, од Феенорд премина во Реал, важи за една од најголемите трансфер-утки на Кралскиот клуб. Сега Дренте има 32 години и игра во третата холандска лига, за аматерскиот клуб Козакен бојс. Едно време се обиде и како рап музичар, сними една песна.

Сега се појавува во серијата „Мокро мафија“ која се прикажува во Холандија, а во која тема се банди и трговија со кокаин во Амстердам.

- Оглас -

Најнови вести