Oдигра 172 меча, заработи 19 милиони долари, а дури сега ја даде првата тројка во НБА (Видео)

Во третата сезона во НБА-лигата, Бен Симонс конечно ја постигна првата тројка во кариерата. Ѕвездата на Филаделфија погоди на дуелот против Њујорк, и тоа во првата четвртина, а публиката и официјалниот спикер во салата прославија како нивниот тим да ја освоил шампионската титула.

На Симонс, кој е висок 208 сантиметри, најголем недостаток во играта му е шутот од далечина, па во првите две сезони упати 17 шута за тројка и сите ги утна. Летоска, на еден предсезонски меч, Бен успеа да погоди тројка и тоа како да беше најава дека сезонава конечно ќе биде срушен малерот.

 

- Оглас -

Најнови вести