Требаше да потпише за Барселона, а сега е пред преселба на „Олд Трафорд“

Макс Аронс, 20-годишниот десен бек на второлигашот Норвич, во текот на летото беше на радарот на Барселона. Сепак, младиот Англичанец извиси откако Каталонците се одлучија да го ангажираат Сержињо Дест, по што Аронс остана да игра во Чемпионшип лигата.

Сега повторно се подготува за нов потенцијално голем трансфер, и тоа во редовите на Манчестер јунајтед. Црвените ѓаволи го ценат потенцијалот кој го поседува Аронс, во кого јавноста гледа иден англиски репрезентативец.

Јунајтед дефинитивно ќе се обиде да го ангажира талентот на Канаринците во јануарскиот преоден рок, иако пред почетокот од сезоната 2019/20 потроши дури 55 милиони фунти за трансферот на Арон Ван-Бисака.

Аронс треба да му биде конкуренција на Ван-Бисака, кој е одличен во одбрана, но не се вклопува во напаѓачката замисла на Солскјер.

- Оглас -

Најнови вести