Тренер кој има победа во ЛШ е нов селектор на Бугарија

Георги Дерменџиев е нов селектор на фудбалската репрезентација на Бугарија. Овој 64-годишен стратег пред пет години го внесе Лудогорец во Лигата на шампионите, а стана и првиот бугарски тренер кој добил меч во најсилното клупско натпреварување во Европа, кога тимот од Разград во октомври 2014 година го совлада Базел.

Дерменџиев на местото го наследува Красимир Балаков, кој си даде оставка по дебаклот против Англија.

„Зборував со Лечков и брзо се договоривме. Како Бугарин, секогаш сум го поддржувал националниот тим, без разлика какви и да биле резултатите. Сите треба така да се однесуваме. Да не се фокусираме само на негативните, туку да ги гледаме и позитивните нешта. Бугарија не е единствениот тим кој губи мечеви. Важно е да работиме напорно и да даваме сè од себеси. Целта ни е пласман на СП или ЕП. Нема да биде лесно, но ќе се бориме. Кој се плаши од мечки, не треба да оди во шума”, рече Дерменџиев.

- Оглас -

Најнови вести