Тренерите во Серија А сакаат да добијат право да повикаат помош од ВАР

Челниците на италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) упатија барање до Меѓународниот одбор на фудбалските федерации (ИФАБ), да воведат ново дополнително правило кое се однесува за користење на ВАР системот. ИФАБ е тело кое ги одредува фудбалските правила, а од Италија имаат интересно барање. Можно е да се случи во Серија А, судиите да добијат право да побараат по еден „челенџ“ за користење на ВАР системот.

ВАР технологијата во Серија А е воведена уште во 2017 година, а во изминативе две и пол сезони, тренерите често имаат критики на употребата на овој систем, кој треба да ја подобри ефикасноста во делењето на правдата.

Изминатиот викенд, во Наполи и Парма беа незадоволни од одлуката на судијата на теренот, но и тие во ВАР собата, за одредена ситуација да не побараат повторена снимка. Во една таква ситуација, тренерите би добиле право во текот на мечот да имаат едно право да искористат „челенџ“ за користење на ВАР системот. Такво нешто има во професионалните американски спортови, НФЛ, НБА, НФЛ, но и во тенисот.

ИФАБ ќе има состанок на 29 февруари во Белфаст, кога и ќе се разгледува за можноста тренерите да добијат дозвола да побараат прегледување на спорна ситуација преку ВАР системот, иако тоа судиите не го побарале.

 

- Оглас -

Најнови вести