Тренерот ги храбри играчите: Многумина од нас не сме играле во ЛШ, но теренот си е терен

Делува неверојатно, но поминаа седум и пол години кога последен пат Милан играше меч од Лигата на шампионите. Тој долг пост завршува вечерва, и тоа на еден од најлегендарните стадини во светот, „Енфилд роуд“. Росонерите гостуваат кај Ливерпул во меч на кој двата клуба заедно имаат освоено 13 европски титули (Милан има седум, а Ливерпул шестпати бил на тронот на фудбалска Европа). Со таков биланс, тоа се два од четирите најтрофејни клубови во историјата на елитното натпреварување.

Ливерпул ја има улогата на фаворит вечерва на „Енфилд роуд“, а дополнителен проблем за Милан е тоа што ќе биде без првата ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, кој е повреден. Тренерот на Росонерите, Стефано Пиоли, знае дека ова ќе биде голем предизвик за неговите фудбалери, но го охрабрува.

„Точно е дека многумина од нас никогаш не биле дел од Лигата на шампионите, но теренот секаде си е терен. До тука стигнавме со нашиот стил на игра, ентузијазам и енергија. Против Ливерпул започнуваме да испишуваме историја. Се подготвувавме како и за секој друг меч. Го обожавам англискиот фудбал, а Ливерпул одлично го познавам“, рече Пиоли.

Милан минатата година играше во Лигата на Европа, каде што играа екипи како Бодо/Глимт, Шемрок и Рио Аве, а сега се во групна фаза со Ливерпул, Атлетико Мадрид и Порто.

 

- Оглас -

Најнови вести