Тренерот кој 25 години е дел од бундеслигашот потпиша нов договор!

Германскиот фудбалски тренер Кристијан Штрајх го продолжи договорот со бундеслигашот Фрајбург. Штрајх е предводник на првиот тим на Фрајбург од декември 2011 година, а во клубот како тренер работи уште од 1995 година, што значи дека оваа година слави еден голем јубилеј како 25 години е дел од Фрајбург.

Финансиските детали околу договорот не се познати, но двете страни потврдија дека многу лесно бил постигнат договор за продолжување на соработката.

„Не моравме долго да преговараме. Не велам дека нема подобро место, но тука имаме нешто посебно. Среќен сум што можам секој ден да работам со овие играчи и да ја развиваме нашата игра за фудбалот на теренот“, вели 54-годишниот Штрајх.

Фрајбург моментно е на осмото место на табелата во Бундеслигата, а посебно запазен беше неговиот испад од минатата недела кога по победата од 1:0 против Борусија Менхенгладбах, Штрајх прво ги „истепа“, па ги гушкаше сите кои беа на клупата.

 

- Оглас -

Најнови вести