Тренерот кој се бореше за опстанок во Серија А е на чекор да му стане тренер на Елмас

Новиот италијански шампион, Наполи, веднаш по освојувањето на Скудетото, кое во Неапол се чекаше 33 години, остана без тренер, а наследникот на Лучано Спалети сè уште е непознат, но последно име кое се споменува е изненадување и за навивачите и за медиумите.

Досега како можнни тренери на Наполи се споменуваа имиња како Луис Енрике, Руди Гарсија, Винченцо Италијано, па дури и враќање на Рафаел Бенитес, но денеска „Кориере дело спорт“ пишува дека сопственикот на шампионот, Аурелио де Лаурентис, имал состанок со тренерот на Салернитана, Пауло Соуса. На средбата било разговарано за тактичките замисли на Соуса и за неговата визија за Наполи.

Соуса во февруари годинава седна на клупата на Салернитана и успеа да избори опстанок во Серија А, завршувајќи ја сезоната на 15-та позиција на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести