Тренерот му удри шлаканица на помошникот, овој сакаше да му врати (Видео)

Во меч од 16-финалето од Судамерикана Купот меѓу Аргентинос Јуниорс и Депортес Толиме, домаќините се радуваа на минимален триумф од 1:0. Погодокот за победа беше постигнат во судиското надополнување, за голема радост на домашните фанови.

Мечот воопшто немаше да биде интересен за спомнување, ако не беше тренерот на гостите Гамеро. Се играше 84 минута, кога камерата успеа да го „улови“ гостинскиот стратег како без никаква причина доаѓа до својот помошник и му удира шлаканица.

Збунетиот помошник тренер, веднаш сакаше да реагира, па и тој замавна да му возврати на тренерот, но го промаши.

 

- Оглас -

Најнови вести