Тренерот на Абердин со пофални зборови за Миовски, но веднаш му даде задача на Македонецот

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски имаше деби какво што само можеше да посака во новиот тим Абердин. Миовски даде гол уште во првиот меч во Шкотска, и тоа само по шест минути поминати на теренот.

Миовски сам изнуди пенал, а потоа ја презеде одговорноста да шутира и погоди за 1:0 во победата од 3:0 на Абердин против Рајт Роверс во Лига купот. По мечот, тренерот на Абердин, Џим Гудвин, посебно се осврна на играта на Миовски.

„Убаво е што Бојан даде гол, тоа е работата на напаѓачите. Иако одработи само два тренинзи, покажа дека е одличен напаѓач. На полувремето забележав дека е изморен, но му дадов шанса уште 15-тина минути. Во иднина очекувам Миовски да биде уште подобар“, вели Гудвин.

- Оглас -

Најнови вести