Тренерот на Ајакс ја откри тактиката за тоа како го победи Реал

Ајакс синоќа во Мадрид стигна до една голема победа во Лигата на шампионите откако со 4-1 славеше над Реал и со тоа се пласираше во четвртфиналето. За холандскиот тим ова е првпат по 2003 година да влезе во топ 8 екипи во Европа. Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, вели дека имал едноставен план за тоа како треба неговиот тим да одигра на „Сантијаго Бернабеу“.

„Планот беше едноставен. Сакавме да воспоставиме контрола над топката и на тој начин да го спречиме Реал да ја постави својата игра. Одигравме одлично во транзицијата, но и во одбраната. Апсолутно сите коишто беа на теренот беа фантастични. Среќен сум поради овој наш успех“, вели Тен Хаг, кој додаде дека ова е најзначајната победа во неговата тренерска кариера.

За разлика од стратегот на Ајакс, тренерот на Реал, Сантијаго Солари е разочаран, но најави дека воопшто не размислува да даде оставка, иако Кралскиот клуб речиси и да нема шанси да освои трофеј сезонава.

- Оглас -

Најнови вести