Тренерот на Баерн ѝ ја уништи кариерата на новинарката со која е во врска

Џулијан Нагелсман, тренерот на Баерн Минхен, неодамна се раздели со сопругата Верена, со која беше 15 години и има две деца, а веќе влезе во нова романтична врска.

Имено, Нагелсман повеќе не крие дека е во врска со новинарката на „Билд“, Лена Фирценбергер, која известувала токму за Баерн Минхен изминативе години. Поради нивната врска, реномираниот германски медиум веднаш ја отпушти Лена и сега ќе мора да бара нова работа.

Инаку двајцата беа видени на одмор на Ибица, а „Билд“ дури денес дозна за врската и реагираше така што ѝ врачи отказ на Лена.

- Оглас -

Најнови вести