Тренерот на Барса не може да верува: Не е нормално тоа што го прави детето

Иако без Лионел Меси, Барселона синоќа лесно и убедливо со 5:2 ја победи Валенсија, триумф кој е многу важен за враќање на самодовербата, пред почетокот на дуелите во Лигата на шампиони. За големата победа на „Камп Ноу“, најзаслужен е 16-годишниот суперталент на Барселона, Ансу Фати.

Тинејџерот кој во претходното коло даде гол и стана најмладиот стрелец во историјата на каталонскиот гигант и трет најмлад реализатор во историјата на шпанското првенство, синоќа уште еднаш го покажа вонсерискиот талент.

Фати даде гол по неполни 100 секунди игра, а пет минути подоцна асистираше на Френки де Јонг за 2:0. Тинејџерот играше со 60 минута, а потоа беше заменет и ан негово место влезе Луис Суарес кој за тие 30 минути на теренот, постигна два гола. Иако Суарес се врати на теренот и тоа со два гола, по мечот сите зборуваа за талентираниот Фати.

„На никој не му е лесно да игра за Барселона, а не посебно ако си толку млад како што е Фати. Не е нормално тоа што го прави. Даде гол со првиот допир на топката, а со вториот асиситираше за нов погодок. Се надевам дека сѐ ќе дојде на свое место. Сакам да се запознае самиот себе на теренот и да види колку сето ова е комплицирано. Ансу има квалитет и потенцијал и тоа многи ни одговара“, рече тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.

Шпанскиот весник Спорт на својата насловна страница јасно потенцираше дека Фати е неверојатен талент и со големи букви напиша: „Ансу, од која планета пристигна?“

Колку само за споредба, на Лионел Меси му беа потребни 13 меча за да ги постигне првите два гола во Примера, додека на Фати тоа му успеа во првите три средби кои ги одигра за Барселона. Сепак, тинејџерот има уште многу да се докажува за да почне да го споредуваат со Меси.

Денеска треба да се одиграат уште пет меча во шпанското првенство, а комплетната понуда за обложување може да ја проверите на Sport Life.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести