Борусија Дортмунд вечерва ја пречекува Барселона во меч од Лигата на шампионите, а тренерот на Милионерите, Нури Сахин, им се придружи на тренерите на кои им пречи густиот распоред на натпревари.
„Оптоварувањето е тешко да се поднесе, посебно за репрезентативците. Играта беше многу различна пред 10 или 15 години, малку се трчаше, малку спринтови. Сега мора да се исцрпите до крајни граници на секој натпревар. Ниту Пеп, ниту Јирген Клоп не можеа тоа да го променат. Не очекувам дека ФИФА сега ќе промени нешто затоа што така рекол Нури Сахин“, порача тренерот на Борусија Дортмунд.