23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Тренерот на Денвер дојде пред штала во Сомбор и почна „фештата“ за најкорисниот во НБА (Фото+Видео)

Никола Јокиќ втора сезона по ред е прогласен за најкорисен кошаркар во НБА-лигата и по тој повод, од неговиот клуб Денвер нагетс му приредија изненадување.

По завршувањето на сезоната, Јокиќ се врати дома во Сомбор за да им се посвети на коњите што ги има, но се изненади кога ги виде тренерот на Денвер нагетс, Мајк Мелоун, и други претставници на тимот, па со нив заврши во кафеана откако претходно му дадоа пехар (вистинскиот пехар за МВП ќе го добие кога ќе се врати во САД) и ги прошета низ шталата.

Таму беше и сопругата на Јокиќ со малата ќерка, како и неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ.

https://twitter.com/i/status/1524518480753528833

- Оглас -

Најнови вести