Тренерот на Хајдук побара дрес од играч на Динамо, сега се плаши да излезе на улица во Сплит

Косовскиот фудбалер Лирим Кастрати беше еден од најдобрите поединци и стрелец на вториот гол во победата на Динамо Загреб од 2-0 против сплитскиот Хајдук, па затоа многу фанови на Хајдук беа во шок кога видоа како по завршувањето на мечот, нивниот тренер Паоло Трамецани бара дрес од Кастрати.

Трамецани во минатото има работено како помошник во репрезентацијата на Албанија и оттогаш го познава Кастрати, кој во тоа време настапуваше во албанското првенство.

„Трамецани по секој меч ми бара дрес. Не знам, можеби има некаква колекција. Секогаш му давам дрес, тоа е чест за мене. И јас би сакал тренерка ило нешто друго од него“, изјави Кастрати.

Дали ова објаснување ќе биде доволно за навивачите на сплитските Били да се смират, останува да се види. По социјалните мрежи имаше доста закани кон тренерот од налутени навивачи кои порачаа да не им се појавува пред очи бидејќи направил предавство со тоа што побарал дрес од играч на најомразениот ривал.

- Оглас -

Најнови вести